full screen background image
Search

NISSAN се враќа во C сегментот со новиот Pulsar!

NISSAN се враќа во C-сегментот со нов модел наречен Pulsar – а презентацијата на овој простран хечбек со пет врати е закажана за 20-ти Мај!

Дизајнот на Pulsar е прилагоден за да ги задоволи специфичните барања на европските потрошувачи,а ќе биде произведен во фабриката во Барселона, Шпанија. Ова е прв хечбек со пет врати на Nissan по прилично долго време – веќе неколку години не се произведува моделот Almera.

Pulsar ќе ја обнови силната врска во C-сегментот – вториот најголем од Европскиот пазар на автомобили. Според Nissan, Pulsar ќе биде карактеристичен по квалитетниот дизајн и високо-иновативниот пристап – исто како и останатите модели на NISSAN. Продажбата ќе започне ви текот оваа есен.

Името Pulsar има богата историја во производството на програмата на NISSAN,а за прв пат се појави во 1978 година. Во изминатите четири децении, се користеше за модели од пазарите на Азија и Австралија, додека пак значката Pulsar се појави на некои Европски пазари во почетокот на 1990-тите години на моделот N14.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.