Панорама: Volkswagen Golf Sportsvan – Сите детали околу новиот моноволуменец од Wolfsburg! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Volkswagen Golf Sportsvan – Сите детали околу новиот моноволуменец од Wolfsburg!

Со новиот Golf Sportsvan – кој е замена за Golf Plus – Volkswagen се надева дека ќе привлече нови купувачи кои традиционално купуваат модел од конкуренцијата. Многуте различни мотори и врвната практичност се картата на која играат.

Како што можевме да очекуваме – Golf Sportsvan е базиран на MQB платформата. Наследникот на Golf Plus се соочува со сериозна конкуренција и со докажани модели од Renault и Ford кои традиционално се покажуваат како популарни кај купувачите. Со цел да ги задржи постоечките клиенти, но и да привлече нови, Volkswagen му посвети навистина многу внимание на Golf Sportsvan кој е до 90 килограми полесен од својот претходник, но и до 20% поекономичен благодарение на новите мотори.

Der neue Volkswagen Golf Sportsvan

Кога веќе зборуваме за моторите – ќе се нуди широка лепеза на агрегати кои веќе добро ги познаваме од останатите модели во VW групацијата. Ќе се нудат добро-познатите 1.2 и 1.4-литарски TSI мотори кои испорачуваат 85, 110, 125 или 150 коњски сили, како и добро познатите 1.6 литарски турбодизел со 110 коњски сили, и моќниот 2.0 TDI со 150 коњски сили. Кај сите мотори, освен кај основниот бензинец, ќе може да се нарача и DSG менувачот со 7 степени на пренос. Најефикасен мотор е токму 1.6-литарскиот TDI со BlueMotion технологија кој ќе троши само 3.9 литри на 100 километри и ќе има емисија од само 101 грама CO2 на изминат километар.

Доколку купувачите се одлучат за целосно независната BlueMotion верзија, ќе го добијат истиот 1.6-литарски TDI, но автомобилот ќе биде со дополнителни аеро-модификации, гуми со низок отпор и уште неколку додатоци кои дополнително ја намалуваат потрошувачката на само 3.6 литри на 100 изминати километри, а емисијата на CO2 паѓа на 95 грама на изминат километар.

Der neue Volkswagen Golf Sportsvan

Volkswagen Sportsvan ќе доаѓа со систем за следење на таканаречана слепа точка, но истовремено додека се движите наназад, системот ќе ве предупреди доколку забележи возило кое надоаѓа од вашата лева или десна страна. Доколку е потребно, системот самиот ќе го запре возилото ако примети дека се големи шансите за незгода или таа е неизбежна. Ќе бидат достапни и Light Assist и Dynamic Light Assist системите за автоматска контрола на предните светлосни групи, XDS диференцијалот и уште многу други безбедносни и практични системи. Во внатрешноста, купувачите ќе можат да очекуваат навистина практичен ентериер – но главното внимание е посветено на лизгачката задна клупа која може да се помести за цели 180 милиметри, но и вкупен багажен простор до 1520 литри!

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: ВО чест на 50 години Golf - GTI Clubsport има 300 коњски сили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.