BMW прославува 30 години M5 со специјален модел со 600 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW прославува 30 години M5 со специјален модел со 600 коњски сили!

Баварскиот производител му го честита 30-тиот роденден на мега-популарниот M5 со специјален „30 Jahre M5“ модел кој доаѓа во уникатна боја и нуди ни помалку, ни повеќе, туку точно 600 коњски сили!

Славеничкиот модел ќе биде произведен во лимитирана серија од само 300 примероци, а купувачите покрај доработениот мотор кој сега испорачува 600 коњски сили и 700 Nm вртежен момент (40 коњски сили и 20 Nm повеќе од стандардниот модел), ќе го добијат својот автомобил во ексклузивната Frozen Dark Silver боја, ќе го добијат Competition пакетот кој вклучува дополнително спортски-ориентирана шасија, 20-инчни тркала и уште некои ситници.

Она што е интересно е дека славеничкиот модел пристигнува до 100 километри на час за само 3.9 секунди (на „обичниот“ М5 му се потребни 4.3) но максималната брзина останува ограничена на 250 километри на час. Да бевме ние BMW, ќе го вклучевме и М Driver’s пакетот кој ја подигнува максималната брзина на 305 километри на час.

Среќен роденден М5!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.