full screen background image
Search

Специјален проект на AMG – Mercedes Benz A45 AMG „Erika“

Со цел да ги истакне можностите за персонализација на AMG моделите, Mercedes-Benz ја претстави оваа уникатна верзија на најмоќната A-Class!

Инженерите од AMG не ги откриваат сите детали, но можеме да претпоставиме дека се работи за персонализирано возило изработено за клиент – односно клиентка – и можеме да претпоставиме дека името на клиентката е токму Ерика. Она што веднаш е забележливо се токму розевите детали кои го прават овој автомобил уникатен – а ги има многу: маската има розева линија, исто како и страниците но и страничните ретровизори. Внатрешноста е исто така персонализирана со розеви детали и опшивки. Храбро!

Колку за потсетување, A45 AMG носи 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 360 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, благодарение на кои малиот автомобил постигнува 100 километри на час за 4.6 секунди и забрзува сè до електронски ограничената максимална брзина од 250 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.