full screen background image
Search

SEAT го најавува своето прво SUV возило, ќе се бори со докажаните конкуренти!

Шпанскиот огранок на Volkswagen го најавува своето прво SUV возило, за кое веќе знаеме дека ќе биде базирано на MQB платформата и дека ќе се фати во коштец со веќе докажаните и успешни конкуренти!

SEAT ќе има компактно теренско возило – SUV – во својата гама. Производителот речиси две години работеше на дизајнот и развојот на овој автомобил, а промоцијата на моделот ќе започне во 2016 година.

„Ова е одлична вест, бидејќи SEAT влегува во нов сегмент, кој е еден од најголемите и најбрзо растечки во светот“ – изјави претседателот на SEAT Јурген Штакман и додаде SUV моделот ќе биде важен столб за идната корпоративна стратегија и голем чекор напред на патот кон постигнување на одржлива профитабилност на компанијата.”

seat-board

Одлуката за влез во нов сегмент е јасен знак за посветеноста на групацијата Volkswagen кон шпанскиот бренд. Новиот модел ќе зачекори во брзо растечкиот сегмент од кој се продаваат речиси еден милион автомобили годишно и тоа само во Европа, во изминатите пет години продажбата се зголеми за повеќе од 40% и ќе продолжи да расте во иднина.

Новиот SUV ќе биде развиен од страна на SEAT техничкиот центар во Марторел, единствен од тој вид во јужниот дел на Европа со вработени повеќе од 900 инженери кои се посветени на иновациите на брендот SEAT. Кога неодамна имавме можност да поразговараме со David Albos од SEAT, претставникот на брендот ни потврди дека еден од најсериозните конкуренти на моделот ќе биде Nissan Qashqai, но дека SEAT е подготвен да се бори на сите полиња – а еден од најсилните адути ќе биде токму дизајнот на новиот шпански SUV. Дали моделот ќе наликува на концептот IBX (горе) од пред неколку години, останува да видиме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.