full screen background image
Search

Formula 1 – Spain GP: Hamilton повторно победи, го презема водството во генералниот пласман!

Lewis Hamilton ја освои својата четврта последователна победа за Mercedes, но го презема и водството во генералниот пласман – сега има предност од три поени пред својот тимски колега Nico Rosberg.

Just as it had in Bahrain, when the pair staged another spectacular duel, their fight developed into one of differing strategies. After Hamilton kept the lead in the first stints, Rosberg changed to the hard Pirelli tyres as Hamilton took another set of mediums. Rosberg really made the hards work for him, setting up the dramatic finale to the 66-lap race.

Двоецот од Mercedes организираше спектакуларен дуел – и тие беа во сопствена категорија, но со различни стратегии. Hamilton ја имаше предноста на почетокот на трката, но кога Rosberg ги замени гумите за потврди, а Hamilton остана со средните гуми, Rosberg го натера Hamilton навистина да поработи за својата победа и имаа вистински натпревар до самиот крај на трката. Rosberg беше неуморен во своите напади и го напаѓаше Hamilton до самиот крај и постепено го намалуваше водството на својот тимски колега – тие влегоа во последната етапа со разлика од само 0.6 секудни меѓу нив, а ова е четврта последователна еден-два победа за сребрените стрели на Mercedes!

celebrating-spain

Третото место му припадна на Daniel Ricciardo, но тој беше дури 49 секунди зад Hamilton на крајот. Одлично се бореше и Vettel кој започна на 15-тото место, но на крајот успеа да заврши на одличната четврта позиција. По двоецот на Red Bull, на петтата позиција заврши Valtteri Bottas од Williams-Mercedes, а зад него на шесттата и седмата позиција се најдоа Kimi Raikkonen и Fernando Alonso од Ferrari. Romain Grosjean се бореше со проблеми со сопирачките на неговиот болид, па затоа заврши позади возачите на Ferrari, но сепак на осмата позиција ги освои првите поени за Lotus оваа сезона. Само една секунда зад него завршија болидите на Force India на  Sergio Perez и Nico Hulkenberg, со кои воедно се комплетира и групата на болиди кои освоија поени овој викенд.

Во генералниот пласман водството сега му припаѓа на Hamilton кој има 100 поени, но само три поени зад него е Rosberg, а Fernando Alonso е на третата позиција, но со само 49 поени. Ricciardo е веднаш зад Alonso и тој има 39 поени. Во шампионатот на конструктори, очекувано води Mercedes со 197 поени, додека Red Bull се на втората позиција со 84 поени. Ferrari го презема местото на Force India со 66 поени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.