Сметаме дека еден од најбрзите автомобили на светот заслужува посебно внимание – па решивме да ви прикажеме едно одлично видео од McLaren P1 кој е токму таму каде што припаѓа – на тркачката патека!
Колку да ве потсетиме – се работи за хибриден турбо-бензинец кој испорачува вкупно 903 коњски сили (727 коњски сили од 3.8-литарскиот турбо бензинец и дополнителни 176 од електромоторот) но и 719 Nm вртежен момент. Благодарение на овие бројки, McLaren P1 забрзува до 100 километри на час за 2.8 секунди, а максималната брзина е ограничена на 349 километри на час.
Но, веќе го знаете сето ова – погледнете го видеото од McLaren P1 на тркачката патека, а потоа погледнете го видеото кое го направија нашите колеги од EVO, каде се зборува за техничките детали на P1.