Ачимиќ триумфираше, а Асановиќ беше најбрз на Водно 2014! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ачимиќ триумфираше, а Асановиќ беше најбрз на Водно 2014!

Црногорскиот возач Јован Ачимич со својот болид Osella PA20S BMW постави најбрзо вкупно време, додека неговиот сограѓанин Милош Асановиќ извозе најбрзо на ридско-брзинската трка „Водно 2014“.

Поројниот дожд не успеа да им ја спречи желбата на вистинските љубители на автомобилизмот да застанат позади банкините и да ги поддржат учесниците на трката. И токму кога врнењето изгледаше како никогаш да нема да престане, веднаш пред стартот на загревањето небото се отвори и сончевите зраци почнаа да го сушат асфалтот.

Ова посебно им годеше на лесните Црногорски болиди, кои возеа последни и за разлика од лани беа помоќни од возилата со погон на сите четири тркала. Со најкратко севкупно време од двата обиди можеше да се пофали првопласираниот Јовач Ачимиќ, додека второпласираниот Милош Асановиќ постави најбрзо време на денот од 1:55.40 минути. Но, поради заостанување од 2 секунди во првата трка, не успеа да триумфира.

Најбрз Македонски и најбрз возач во класата Е1 беше Крсте Трајковски со своето Fiat Ritmo. Тој во првиот обид постави четврто најбрзо време, но на крајот заврши на осмата позиција бидејќи во еден од свиоците изгуби контрола на возилото и загуби драгоцено време. За среќа, во извртувањето не го оштети својот автомобил и можеше без проблеми да продолжи до целта. Во класата Е1200 победата му припадна на Коста Николовски кој со своето Yugo постави одлично време.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.