full screen background image
Search

Volkswagen ги претстави R-Line пакетите за Scirocco и новиот Golf Variant

Неодамна фејслифтираното Volkswagen Scirocco, како и новиот, практичен Golf Variant добија R-Line пакет со цел да бидат поинтересни за љубителите на спортскиот изглед на автомобилите!

Пакетот за Scirocco вклучува нови предни и задни браници, како и странични прагови. Надворешниот визуелен ефект е дополнет со големите, 18-инчни „Салвадор“ тркала. Комплетот наменет за Scirocco нас нè потсеќа на Golf GTI. Во внатрешноста дополнително се добиваат сјајни црни детали, различни опшивки како и различен спортски управувач, педали од нерѓосувачки челик и уште неколку ситници.

Сличен третман добива и Golf Variant кој добива нов, спортски надворешен бодикит и слични додатоци во внатрешноста. Дополнително, за Golf Variant може да се нарача и R-Line спортски пакет кој вклучува дотерана суспензија, спортски-настроени измени во управувањето како и затемнети странични и задни стакла. Пакетите чинат 2.060 евра за Sciroccо, одосно 1.055 за Golf Variant. Внатрешните пакети чинат 845 евра за Scirocco и 650 за Golf. Дополнителниот спортски пакет за Golf ќе чини 435 евра. Овие цени се во Германија, секако.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.