Игор Стефановски – Иџе – стигна до својата втора последователна победа, овој пат во Австрија. Со оваа победа Иџе покажа дека сериозно атакува на Европската титула!
Од Австрија Иџе си заминува со максималните 25 поени и сега за сега има вкупно 50 поени во Европскиот шампионат. Неговиот најблизок ривал – Јиржи Лос е цели четири секунди зад Иџе, а на третото место се наоѓа Оскар Бенеш од Чешка.
Тимот на CARclub со задоволство и гордо му ја честита победата на Иџе и му посакува продолжение на успесите – следните трки се возат во Португалија и Шпанија – трки кои Иџе ќе ги пречека подготвен со максималните можни 50 поени во шампионатот за Европската титула!