full screen background image
Search

Австриски тест за Иџе Стефановски!

Најдобриот македонски автомобилист по победата во Франција викендов ќе настапи на трката во Рехберг

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе викендов во австриски Рехберг ќе треба да докаже дека не е случаен триумфот на првата трка од Европското првенство во ридски патеки во групата N во француското гратче Сент Жан ду Гард. Очекувањата се големи, а оптимизмот го подгрева фактот што Иџе ја познава оваа патека. Тој минатата сезона заврши како петти поради мало излетување во првото возење, но во второто возење постигна најдобро време.

„Рехберг ми е многу важна патека во календарот. Сите следни патеки до последната трка во Бузет ќе ми бидат нови и ќе морам да ги учам на саботните тренинзи. Рехберг ја знам од лани и ќе бидам во предност во тој дел. Затоа и се надевам на добар резултат. Сепак, во овој спорт секоја минимална грешка скапо чини, решаваат делови од секундата и неблагодарни се сите прогнози. Ќе одиме на што подобар пласман, па ќе видиме што ќе биде“ – изјави Стефановски.

Екипата на нашиот Иџе заедно со неговиот Mitsubishi Lancer Evo IX веќе пристигна во Рехберг и со нетрпение ги очекува саботните тренинзи како подготовка за неделната трка. За разлика од Франција, во Австрија конкуренцијата ќе биде многу пожестока. Во групата N, освен Стефановски, се пријавени вкупно 19 возачи од Чешка, Австрија, Италија и Хрватска. Најголеми конкуренти на Стефановски би требало да му бидат чешкиот возач Јиржи Лос кој беше второпласирани на првата трка во Франција, најдобриот Австриец во оваа група, Дитер Холцер, Хрватот Томислав Мухвиќ и италијанскиот шампион Бичијато Руди. Посебно ќе биде интересен дуелот со последните двајца – актуелниот европски шампион Мухвиќ имаше пех во Франција и остана без пласман, па ќе мора да форсира во Рехберг, а Руди е еден од најдобрите европски возачи на ридски патеки во групата N, поранешен европски шампион и повеќекратен шампион на Италија. Проблем плус може да претставуваат и најавените врнежи од дожд.

Поврзано:   Mitsubishi L200 добива опција за голем кровен шатор

idze-avstrija-2

„Од Чесите на првата трка во Франција, најмногу впечаток ми остави Оскар Бенеш како најподготвен за оваа сезона. Од останатите, Мухвиќ е секогаш опасен посебно што на првата трка остана без бодови. Со Италијанецот Руди досега не сум се сретнал на патека, но знам дека е врвен возач и шампион на земја во која во мојата група N има жестока конкуренција и многу добри возачи. Што се однесува до временските услови, Ако мора да врне, барем нека врне и во сабота. Така ќе можат уште на тренизите да го почувствувам однесувањето на возилото на влажна патека. Ако врне само во недела ќе биде комплицирано. Асфалтот е многу лизгав, а патеката брза, така што сигурно во дожливи услови ќе има многу излетувања и инциденти“ – вели Иџе.

Патеката во Рехберг е уште еден редовен домаќин на европските трки. Првата трка воопшто се возела во 1972 година, а за прв пат во европскиот календар е влезена во 1981 година. Патеката, посебно во првиот дел е доста брза, па на некои делови дури има и шикани за успорување на автомобилите. Потоа следи средишниот дел со комплекс на остри и спори свиоци, а последната третина ја карактеризира голем успон со долги, благи и брзи свиоци. Патеката е долга 5,050 метри, а рекордот го држи петкратниот европски шампион во конкуренција на болиди и прототипови, Симоне Фаџиоли од Италија со Osella FA 30 од 1:55.690 поставен во 2010 година. На програмата се две трки, а се сметаат вкупно времињата од двете возења. Вкупно се пријавени 196 возила, од кои 91 за Европскиот шампионат.

Поврзано:   Mitsubishi L200 добива опција за голем кровен шатор

Тимот на CARclub му посакува огромен успех на Иџе, и се надеваме дека ќе не почести со уште еден одличен успех!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.