Nissan измисли боја која одбива нечистотии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan измисли боја која одбива нечистотии!

Јапонскиот производител ја претстави својата најнова технологија – специјална нано боја која одбива прашина, кал и вода од каросеријата на автомобилот.

Ова претставува одлична вест за љубителите на автомобили кои се грижат нивниот миленик да биде постојано чист, а животната средина им го отежнува тоа. Со оваа технологија драстично би се намалила потребата и времето за миење на автомобилот. Бојата е хидрофобична и олеофобична, и функционира така што создава слој на воздух помеѓу неа и нечистотиите, кои потоа паѓаат по природен пат.

nissan-invents-self-cleaning-car-with-paint-that-repels-dirt-video-80416_2

Nissan веќе ја заштити технологијата под името Ultra-Ever Dry, а истата ќе биде прва од ваков вид што ќе се појави на пазарот. За прикажување на нејзиното делување е користен специјално подготвен Nissan Note, на чија лева страна е нанесена оваа боја, а десната е оставена во нормална состојба.

Nissan сеуште не ја објави крајната одлука за тоа дали ќе ја лансира во производство или сега за сега ќе продолжи со нејзино тестирање. Сепак, слични технологии се веќе тестирани на разни облеки и мобилни телефони со одлични резултати. Откако нивната премиум дивизија Infiniti беше првата која претстави боја што се поправа сама, не би не изненадило да ги видиме и Nissan да направат чекор напред.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.