Утринска Гимнастика: Smart-че од пеколот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Smart-че од пеколот!

Што добивате кога некако под каросеријата на еден мал Smart ForTwo ќе успеете да скриете big-block V8 мотор од Chevrolet? Ни ние не му го знаеме името, но запрепастувачки изгледа!

На видеото (кое за волја на вистината навистина е со лош квалитет) се гледа едно мало Smart-че со исфрлени тркала кое звучи застрашувачки. Во описот на видеото се вели дека некако под таа каросерија е скриен голем V8 мотор од Chevrolet. По тоа што можеме да го видиме, најверојатно моторот е во предниот дел на автомобилот бидејќи завршетоците на издувниот систем „извираат“ од под предните крила, а предните и задните тркала се комично „исфрлени“ од автомобилот.. За што станува збор? Погледнете и самите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.