Премиера: Ford Focus Sedan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Ford Focus Sedan

Иако сеуште не е спуштена прашината од претставувањето на освежениот Focus, Ford во гамата ја додаде и седан верзијата од својот најпродаван автомобил.

Иако официјалната презентација на редизајнираниот Focus беше закажана за наредната недала на саемот во New York, Ford  не почести со неколку официјални фотографии.

2015-Focus-5

Очекувано, седан ерзијата од еден од најпопуларните автомобили во Европа – Focus доследно го следи дизајнерскиот правец од веќе претставените хечбек и караван изведбата. Нормално, тука ќе ја вклучиме новата светлосна група која сега е поиздолжена, изменетиот преден дел кој потсетува на Aston Martin. Како што веќе имаме напоменато, дизајнерскиот правец на редизајнот на Ford Focus го следи трендот на поголемиот брат – Mondeo, автомобилот кој со нетрпение го очекуваме во Европа.

2015-Focus-6

Задниот дел исто така е променет, а најголемата новина е во задните светла кои се разликуваат од оние претходните. Внатрешноста пак е еден од главните адути на Focus – тука ергономијата е на високо ниво, а како што најавуваат од Ford квалитетот на материјалите и изборот на истите е поголем.

2015-Focus-10

Технологијата е исто така една од појаките страни на Focus. „Стариот“ Focus нудеше еден тон иновации почнувајќи од системот за препознавање на знаци, MyKey технологијата на паметен клуч како и системот на запазување на лентата во која возите. Освежениот Focus не само што ги следи стапките на својот претходник, туку и го надополнува – така сега Focus нуди нов подобар инфотејмент систем како и еден куп безбедносна опрема меѓу која би ја издвоиле “BlindSpot Information” која го решава проблемот со „слепата точка“ на ретровизорите.

Поврзано:  Ford се согласи дека плановите за целосна електрификација до 2030 се „премногу амбициозни“

За она што не се гледа на фотографиите, Ford вели дека возењето со новиот Focus е уште потивко и подинамично благодарение на подесувањата на суспензијата и електричниот серво управувач.

Кај моторите и нема новости, па така тука ќе бидат сместени повеќето верзии на EcoBoost моторите од кои ние сме навистина пријатно изненадени!

Наредната недела ќе откриеме повеќе детали за редизајнот на Focus како и неговата електрична верзија, додека во текот на оваа година Ford ќе ја претстави и жешката ST верзија која едвај чекаме да ја повозиме.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.