Официјално претставен освежениот Ford Focus! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставен освежениот Ford Focus!

Целта на дизајнерите на Ford била да му дадат повеќе емоции на Focus, а благодарение на новиот дизајн на предниот дел, веруваме дека успеале во тоа!

Новиот Focus сега изгледа уште поспортски и има дополнителна доза на атлетицизам. Интересно е што дизјанерите на Ford ги слушнале забелешките на возачите и посветиле внимание и на ентериерот каде е дополнително поработено на ергономијата – ние особено се радуваме на новите контроли вградени на воланот кои изгледаат значително полесни за користење!

На понудата на мотори во Европа ќе бидат додадени и два нови 1.5-литарски EcoBoost мотори кои испорачуваат 150, односно 180 коњски сили, а боите на дизелот ќе ги бранат новите 1.6-литарски TDCi мотори кои нудат 95 и 120 коњски сили. Истовремено, во понудата ќе се најде и нов 1-литарски EcoBoost мотор кој ќе биде првиот мотор кој е е хибриден а ќе има емисија на штетни гасови пониска од 99 грама CO2 на изминат километар. Дополнително е поработено и на 2-литарскиот TDCi со 150 коњски сили кој сега е 14% поекономичен во однос на претходникот.

Како и секогаш кога Focus добива фејслифт, почнуваат и шпекулациите околу евентуалната RS варијанта на моделот. Овој пат се шпекулира дека новиот Focus RS ќе го добие 2.3-литарскиот EcoBoost од Ford Mustang, но дополнително „навиен“ на вкупно 330 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.