BMW M4 Convertible – Врвни спортски перформанси под отворено небо! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M4 Convertible – Врвни спортски перформанси под отворено небо!

Што е подобро од BMW M4? Одговорот е едноставен – BMW M4 кој ви дозволува да уживате во неговите перформанси под отворено небо!

Новиот М4 е замена за „стариот“ М3 со две врати – па затоа и носи нова номенклатура. Истото важи и за M4 Convertible – и овој автомобил е вистинскиот избор за оние кои сакаат да уживаат во екстремните спортски перфоманси на најпознатиот М-автомобил под ѕвездите. Новиот М4 Convertible е 60 килограми од својот претходник, но мораме да напоменеме дека е вистинско „прасенце“ ако го споредуваме со M4 со тврд покрив – кабриолетот кој тежи1750 килограми е дури 253 килограми потежок од купе-изведбата.

bmw-m4-convertible-rear

Сепак, тука е истиот 3-литарски твин-турбо реден 6-цилиндерски бензински мотор кој испорачува 430 коњски сили и 550 Nm вртежен момент – доволно за постигнување 100 километри на час за 4.4 секунди со мануелен менувач, односно 4.2 секунди со DCT менувачот. Максималната брзина останува електронски ограничена на 250 километри на час.

Кровот се отвора или затвора за 20 секунди при брзини до 18 километри на час, а во зависност од тоа дали кровот е отворен или затворен, багажниот простор изнесува 220 односно 370 литри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.