Citroen DS 5LS R – Луксузен концепт со 300 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen DS 5LS R – Луксузен концепт со 300 коњски сили!

На автомобилскиот саем во Пекинг Citroen ќе го претстави DS 5LS R концептот – кој ќе ја покаже можната насока во која би се развивал овој модел!

Под поклопецот се крие 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Информации за перформансите нема, но најверојатно се работи за истиот навиен мотор од Peugeot RCZ R. Целиот автомобил е 15 милиметри поблиску до подлогата и целта на концептот е да го истакне атлетскиот карактер на DS 5LS – а секако, огромен придонес кон тоа има и новиот бодикит кој дополнително го проширува автомобилот и ги истакнува неговиоте сензуални линии.

Моќта се пренесува кон предните тркала преку секвенцијален автоматски менувач кој се контролира преку лопатки поставени на управувачот, а дополнително е работено на шасијата, суспензијата и сопирачките. Во внатрешноста фокусот е завртен кон луксузот и се користени најдобрите материјали. Користена е квалитетна кожа и алкантара и на сите детали е посветено максималното можно внимание.

DS 5LS е модел кој (сега за сега) е наменет само за Кинескиот пазар, но ние воопшто не би се налутиле доколку Citroen одлучи да го понуди и кај нас – ова е еден сериозно привлечен автомобил!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.