Освежената Alfa Romeo Giulietta пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената Alfa Romeo Giulietta пристигна во Македонија!

Новата Giulietta ги изразува вистинските вредности на брендот Alfa Romeo: италијански стил и беспрекорни перформанси за максимално задоволство во возењето!

Giulietta е првиот автомобил од групацијата Fiat Chrysler во кој е применета иновативната компактна архитектура, истовремено лесна и издржлива, овозможува да се постигнат супериорни динамични перформанси и извонредно ниво на комфорт.

Уживањето во возењето и комфорот се прилагодуваат на потребите на најпребирливите клиенти и тоа благодарение на Alfa DNA селектор со три set-up функции (Dynamic, Normal и All Weather), уред кој го прилагодува однесувањето на возилото во зависност од условите на патот и од стиловите на возење. Giulietta сега има нов изглед на решетката напред и редизајнирани хромирани рамки на магленките. Има и нови бои зa да се нагласат динамичните линии и нови алуминиумски тркала од 16, 17 и 18”.

Најголемите промени се во внатрешноста – достапни нови комбинации на бои и материјали, нови панели на вратите и нови рачки, како и нови детали на централната конзола и на командната табла.

Гамата на турбо мотори кај Giulietta се одликува со високи перформанси и ефикасност во потрошувачката а со намалено ниво на издувни гасови. Во Македонија ќе се нудат 1.4 TB 120 КС , 1.6 JTDM 105 КС и новиот 2.0 JTDM 150 КС. Моторот 2.0 JTDM со 150 коњски сили за првпат се појавува на новата Giulietta. Опремен е со системот за вбризгување MultiJet од втора генерација. Со овој мотор, Giulietta нуди одлични перформанси – максимална брзина од 210 километри на час, забрзување од 0 до 100 километри на час за 8.8 секунди и потрошувачка од само 4.2 литри на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.