Изненадување од Полска – Arrinera Hussarya напаѓа со 650 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Изненадување од Полска – Arrinera Hussarya напаѓа со 650 коњски сили!

Признаваме – не очекувавме да видиме волку привлечен суперавтомобил кој доаѓа од Полска! Arrinera Hussarya доаѓа со голем, 6.2-литарски V8 и нуди дури 650 коњски сили!

Срцето на овој автомобил е Американски V8 мотор со потекло од GM. Големиот, 6.2-литарски V8 испорачува 650 коњски сили и 818 Nm вртежен момент – сосем доволно за Hussarya (добро, името не ни се допаѓа) да забрза – и тоа само според прелиминарните тестирања, можно е ова време дополнително да биде скратено – до 100 километри на час за 3.2 секунди и да продолжи да забрзува до околу 340 километри на час! Моќта се пренесува кон задните тркала преку автоматизиран рачен менувач контролиран преку лопатки на воланот, а е изработен од Италијанската компанија CIMA – истата компанија која испорачува менувачи за брендови како Koenigsegg, Pagani и други.

Автомобилот е изработен од кевлар и карбонски влакна, па тежи само 1315 килограми, а дизајнот е дело на дизајнерот Pavlo Burkatskyy кој работел заедно со инженерскиот тим за да успеат да испорачаат модерно, но сепак функционално возило. Планирано е да се произведат околу 100 примероци годишно, а цената се очекува да биде повисока од 160.000 Американски долари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.