За оние кои живеат, јадат и дишат со фудбалот, Opel подготви нова, специјална верзија на Astra GTC!
Со желба адекватно да го прослави овогодинешниот светски куп во фудбал, кој ќе се одржи во Бразил, Opel ја подготви Astra GTC Copacabana. Оние кои ќе бидат вистински храбри, ќе добијат автомобил со трева на седиштата, наместо свирка ќе добијат вувузели а во внатрешноста има и систем за правење безалкохолни пијалоци! За оваа Astra задолжен е 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 200 коњски сили!
Доколку очекувате патосници – заборавете ги – Astra GTC Copacabana на возачот и совозачот им нуди песок директно од плажата по која овој автомобил го носи своето име, а надворешноста е украсена со знамето на Бразил и многу други шарени детали. Ја сакате Astra GTC Copacabana? Бидете брзи – ќе бидат произведени ограничен број примероци и секој ќе чини 24.444,44 евра!