CARclub се трка во Race Center! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub се трка во Race Center!

Членовите на нашиот форум еднаш неделно организираат натпреварувачко возење на симулаторите во Race Center – погледнете како изгледа забавата!

Секоја среда возиме на различна патека со различни возила и во пријателска, но натпреварувачка атомсфера го бараме најдобриот возач на симулаторите во новоотворениот Race Center! Доколку сакате и вие да биде дел од CARclub шампионатот, можете и вие да ни се придружите!

Одличните симулатори гарантираат реалистично и забавно возачко искуство, па ние со задоволство го бараме најдобриот возач. Секоја среда има место за 20 возачи меѓу кои го бараме најдобриот. Оваа  седмица возевме во Valencia – за следната, уште не знаеме! Доколку сакате да ни се придружите, треба да станете член на нашиот форум и да го додадете вашето име во списокот!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.