За оние кои го сакаат максималниот луксуз – Rolls Royce Ghost Series II – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

За оние кои го сакаат максималниот луксуз – Rolls Royce Ghost Series II

Дискретно освежениот Rolls Royce Ghost ја носи ознаката Series II, и како и секој Rolls, наменет е за оние кои го сакаат најдоброто на светот!

Првиот фејслифт на Ghost носи измени кои се концентрирани на предниот дел на автомобилот, односно во редизајнираните предни светла изработени со LED технологија кои се целосно обвиени во LED дневни светла. Дополнително се редизајнирани и браниците за да се добие чувство на зголемена ширина и висина. За оние кои се чувствуваат храбри, Rolls Royce ќе понуди и нови, 21-инчни тркала наместо сериските 19-инчни.

Во внатрешноста, Rolls Royce Ghost Series II сега нуди нови предни седишта со електронски нагодлива странична поддршка, нови, покомфорни задни седишта, а доколку одберете Lounge Seat конфигурација, седиштата се дискретно завртени едно кон друго за да се зголеми чувството на интимност во задниот дел. Се нуди и нова опрема, како што е Wi-Fi пристап во автомобилот, сателитски помогната трансмисија, нов навигациски систем и уште некои ситници.

Кај моторот нема промена – за придвижување на Ghost Series II е задолжен истиот 6.6-литарски V12 мотор со 570 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.