Премиера: За оние кои сакаат помал премиум купе-SUV – новиот BMW X4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: За оние кои сакаат помал премиум купе-SUV – новиот BMW X4!

Баварската компанија го претстави новиот X4 со кој ја проширува гамата на X-возила. Новиот X4 е базиран на BMW X3 и ќе се нуди со неколку различни бензински и дизел мотори.

BMW го дефинира X4 како Sports Activity Coupe. Според нив, ова е нов производ за оние кои сакаат компактен премиум SUV со кровна линија од купе возило. За нас, ова е BMW X3 со неколку наметнати компромиси – а тоа највеќе се однесува на просторната понуда во внатрешноста која сега е малку намалена благодарение на купе-формата.

Внатрешноста е скоро идентична како кај X3, но промени има во седишата. Предните седишта сега се 20 милиметри пониски, а на задната клупа седиштата се анатомски обликувани за петтата личност во автомобилот да може да патува во зголемен комфор.

bmw-x4-rear

Европските купувачи ќе можат да изберат меѓу три бензински и три дизел мотори. Боите на бензинците ќе ги бранат xDrive20i со зафатнина од 2 литри и моќност од 184 коњски сили, xDrive28i, исто така со зафатнина од 2 литри но со 245 коњски сили и xDrive35i со 3-литарски турбо бензинец со 306 коњски сили. Дизелите ќе бидат во форма на xDrive20d со 190 коњски сили и 400 Nm, xDrive30d со 3-литарски турбодизел, 255 коњски сили и 560 Nm, како и најмоќниот xDrive315d со 3-литарски турбодизел со 313 коњски сили и 630 Nm вртежен момент.

Производството и продажбата ќе започнат наскоро, а официјалната премиера е закажана за следниот месец на автомобилскиот саем во Њу Јорк.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.