Toyota сака да одиме и да се забавуваме со новиот Aygo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota сака да одиме и да се забавуваме со новиот Aygo!

Малиот градски автомобил на Toyota кој ги дели гените со Citroen C1 и Peugeot 108 ќе се обиде да им се приближи на купувачите благодарение на својот стил и типично Јапонски карактер.

Најзабележливиот детал е токму дизајнерскиот елемент во форма на X кој се протега од предниот дел на автомобилот, преку страниците па сè до задниот дел.  Toyota се надева дека овој детал ќе му помогне на Aygo да се издвои од своите браќа и да ги привлече купувачите.

toyota-aygo-interior

Новиот автомобил е 25 милиметри подолг од стариот и нуди багажен простор кој е за 29 литри поголем. Можеби тоа звучи незначително, но во оваа класа тоа се значително поголеми бројки. Во внатрешноста сопствениците ќе ги пречека ентериер на кој е посветено повеќе внимание од претходно и кој ќе понуди подобри материјали и поквалитетна завшна обработка. За придвижувањето е задолжен 1-литарскиот бензински мотор со 68 коњски сили благодарение на кој Aygo забрзува до 100 километри на час за 14.2 секунди и има максимална брзина од 160 километри на час. Со овој мотор, потрошувачката изнесува само 4.2 литри на 100 километри!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.