Конечно – новите Audi TT и TTS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Конечно – новите Audi TT и TTS!

Audi конечно ја претстави новата, трета генерација на спортското купе TT, но истовремено ја претстави и спортската верзија која ќе ја носи ознаката TTS!

Да започнеме од основата – како што и очекувавме, новото Audi TT е базирано врз MQB платформата, а тоа значи и до 90 килограми полесен автомобил во однос на претходникот. Кога тоа го рековме, да се навратиме на најважното – новото TT ќе биде придвижувано од два бензински или еден дизел мотор.  Обата бензинци имаат зафатнина од 2 литри, но испорачуваат 230, односно 310 коњски сили!

Standaufnahme    Farbe: Tangorot

Послабиот бензинец е истиот кој го познаваме од Golf GTI – тој испорачува 230 коњски сили и 370 Nm вртежен момент, благодарение на кои забрзува до 100 километри на час за 6 секунди (или 5.3 доколку одберете Quattro погон на сите четири тркала и S-Tronic менувач со двојна спојка) и постигнува максимална брзина од 250 километри на час. Вториот бензинец, исто со зафатнина од 2 литри испорачува 310 коњски сили и незначително повисоки 380 Nm вртежен момент, но затоа забрзува до 100 километри на час за само 4.7 секунди!

Доколку дизел е вашиот избор, ќе можете да го добиете TT со 2-литарскиот TDI со 184 коњски сили. Со овој мотор TT забрзува до 100 километри на час за 7.2 секунди и ќе продолжите да забрзувате се до 235 километри на час.

Innenraum

Сите модели сериски ќе бидат опремени со Xenon предни светла и LED задни светла, а доколку сакате ќе можете да нарачате (и дебело да платите за) Matrix LED предни светла – истата технологија која ја познаваме од најголемиот Audi A8. Внатрешноста на TT е местото каде Audi вистински го покажал  својот талент – ентериерот изгледа спортски и привлечно, но минимализам е зборот на денот. Веќе зборувавме за целосно-дигиталниот централен кластер преку кој ќе се гледаат сите потребни информации!

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Audi го освежи A3 и го претстави и робустниот A3 Allstreet


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.