Новиот Honda Civic Type R Concept – Тркачки автомобил наменет за патиштата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Honda Civic Type R Concept – Тркачки автомобил наменет за патиштата!

Honda претстави имресивен концепт кој ја предвидува претстојната Type R изведба на Civic, а истата ќе располага со над 280 коњски сили.

Концептот силно ги истакнува неговите перформанси токму како што е одлика на Јапонските спортисти со околу 300 коњски сили. Тој е дизајниран далеку поагресивно од стандардниот Civic и е опремен со поширок бодикит, огромен заден спојлер со интегрирани светлосни групи и голем заден дифузер. Тука е и нов преден дел со поголеми отвори за воздух, светла со LED технологија, поинаква решетка, редизајниран поклопец на моторот, карбонски сплитер, голем заден дифузер, четири издувни цевки и 20 инчни алуминиумски фелни, обвиени во нископрофилни пневматици.

Honda-Civic-Type-R-Concept-5

Според Honda, голем број од овие стилски елементи повеќе се поставени да вршат функција, отколку само естетски. Тие помагаат во намалување на воздушниот отпор, да се зголеми потисната сила, а исто така и да се спроведе оптимален воздух за вентилација.

Сето ова го прави да изгледа како да е директен конкурент на Subaru WRX STI и Mitsubishi Lancer Evolution X, но за разлика од нив, тој ќе биде само со преден погон. Сепак, останува да видиме колку дизајнерски елементи од концептот ќе бидат задржани кај серискиот модел.

Новиот Civic Type R ќе биде погонуван од 2.0-литарски четири-цилидарски турбо-бензински VTEC агрегат, развиен со користење на искуството добиено со учеството на WTCC Шампионатот. Истото треба да им помогне во нивната цел да го срушат досегашниот рекорд за најбрз автомобил со преден погон на Нирбуринг, поставен со Renault Megane RS 265 со време од 8 минути и 7.97 секунди. Во меѓувреме Seat Leon Cupra веќе го стори тоа и им постави уште потешка задача.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.