Само еден ден пред неговата официјална премиера во Женева можеме да ви ги покажеме првите фотографии од новиот Aygo, кој ќе го комплетира триото заедно со Peugeot 108 и Citroen C1!
Додека Peugeot и Citroen веќе ги покажаа своите кандидати, Toyota успешно го криеше Aygo, скоро сè до последниот момент. Она што можеме да го видиме на фотографиите е несекојдневниот преден дел на кој доминира големиот X.
Иако трите мали градски автомобили делат многу од компонентите, секој производител е задолжен за дизајнот на својот модел, и тука можеме да ги забележиме карактеристичните одлики на Toyota кои во последно време гравитираат кон несекојдневен и ултра-модерен дизајн. Aygo ќе ги дели моторите со Peugeot 108 и Citroen C1, а ќе се произведуваат рамо до рамо во заедничката фабрика во Чешката Република.