Прва официјална фотографија од новото Audi TT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва официјална фотографија од новото Audi TT!

Ги чекаме официјалните податоци секој момент, но во меѓувреме Audi ни го надразнува апетитот со само една фотографија од новото ТТ!

Официјалната презентација ја очекуваме во секој момент, но во меѓувреме можеме да ви ја покажеме само оваа фотографија од новото спортско купе од Инголштад. Како што веќе знаеме, ќе биде базирано на MQB платформата на Volkswagen групацијата и можеме да очекуваме бензински и дизел мотори, а најверојатно во понудата ќе се најде и хибридна варијанта. Секако, купувачите ќе можат да изберат и Quattro погон на сите четири тркала.

Еве ја истата фотографија, малку осветлена каде се гледаат повеќе детали.

new-audi-tt-brighter

Повеќе информации, наскоро!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.