Што би се случило ако се развие љубов помеѓу Ford Focus и Aston Martin DBS? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Што би се случило ако се развие љубов помеѓу Ford Focus и Aston Martin DBS?

Пред само еден ден Ford го претстави подновувањето на третата генерација од Focus, a нас веднаш ни дојде инспирација за неговата малку поинаква спортска изведба.

Новиот Focus претрпи најмногу измени во предниот дел со вметнувањето на новата решетка која малку потсеќа на моделите на Aston Martin. Ние и преходно имавме визија за ваква креација, но овој модел силно нè инспирираше да ја создадеме. Не, ние не помисливме на нова ST или RS верзија, туку на нешто сосема поинакво и уникатно.

Нашата замисла е совршена спојка на Ford Focus со спортските елементи од Aston Martin DBS. За таа цел, автомобилот го опремивме со преден браник и алуминиумски фелни од Британскиот модел, а на предната решетка покрај хоризонталните додадовме и вертикални лајсни. За целосен изглед, страничните прагови ги обоивме во боја на каросеријата, која е сега во топла црвена боја, како што доликува за еден спортски модел од компактната класа, а измените ги комплетира приближувањето на каросеријата до подлогата.

Ford изјавија дека наскоро ќе претстават и визуелно подновување за ST верзијата, па останува да видиме колку ќе може да се натпреварува со нашата визија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.