Volkswagen ги претстави освежените CrossPolo, Polo BlueMotion TDI и TSI, како и Polo BlueGT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ги претстави освежените CrossPolo, Polo BlueMotion TDI и TSI, како и Polo BlueGT

Со цел да ги задоволи разните потреби на купувачите, Volkswagen ги претстави сите варијанти на освеженото Polo!

CrossPolo, како што и самото име налага е кросовер варијанта на Polo. Оваа изведба доаѓа со 17-инчни фелни, дополнителни пластични заштитни панели на каросеријата, како и некои ситни измени во ентериерот, а ќе се нуди со два дизелски и еден бензински мотор.

polo-bluemotion

Polo BlueMotion ќе се нуди со TSI или TDI мотор – бензинецот е 1-литарски TSI со три цилиндри кој троши само 4.1 литар гориво на 100 километри. Овој модел ќе се нуди во Велика Британија, додека на другите пазари ќе се нуди и BlueMotion TDI со 1.4-литарски TDI со 75 коњски сили чија потрошувачка изнесува само 3.1 литар дизел на 100 изминати километри. Благодарение на 45-литарскиот резервоар, BlueMotion TDI ветува импресивна автономија од 1400 километри!

polo-range

На крајот, во понудата ќе се најде и BlueGT кој благодарение на 1.4-литарскиот TSI кој испорачува 150 коњски сили и 250 Nm вртежен момент и има деактивација на цилиндри може да се пофали со спортски перформанси, но и импресивно ниска потрошувачка од само 4.8 литри на 100 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.