full screen background image
Search

Jaguar XFR-S Sportbrake ќе биде изложен во Женева

Британскиот бренд официјално ја претстави караванската изведба од XFR-S, наречена Sportbrake една седмица пред нејзиното јавно дебитирање во Женева.

Како директен конкурент на Audi RS6 Avant и Mercedes-Benz E63 AMG Estate, автомобилот ќе биде погонуван од 5-литарски V8 мотор надополнуван од компресор и ќе развива 542 коњски сили и 680 Nm максимален вртежен момент, кои потоа ќе бидат испорачани преку осум-степен автоматски менувач кон задните тркала.

Jaguar XFR-S Sportbrake ќе забрзува од место до 100 км/ч за 4.6 секунди, пред да ја достигне електронски ограничената максимална брзина од 300 км/ч. Официјалните податоци кажуваат просечна потрошувачка од 12.7 литри на 100 километри со емисија на издувни гасови од 297 грама на километар.

345

Поради зголемената маса во задниот дел од автомобилот, неговата задна суспензија е потврда од онаа кај седанот, а исто така прилагодени се и активниот електронски диференцијал и опциите на системот за контрола на стабилност. Силата на сопирање доаѓа од вентилирачки дискови со дијметар од 380mm напред и 376mm позади.

Визуелно, покрај изменетиот заден дел, автомобилот изгледа идентично со седан изведбата, а ние сметаме дека изгледа подеднакво атрактивно како неа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.