Овој прекрасен сончев ден Vossen не почасти со ново видео од Јапонскиот дел од нивната светска турнеја и најкупуваните модели од нивната програма. Видеото кажува дека Јапонците пројавуваат се поголем интерес за Германски автомобили и конкавни фелни од Американско производство. Како и во претходните нивни видеа, така и тука возилата се прилепени што е можно поблизу до подлогата, благодарение на воздушна суспензија и се опремени со најголемите фелни што можат да се сместат под нивните крила.
Погледнете ги овие одлично дотерани автомобили и уживајте во видеото!