Први официјални фотографии од новото Renault Twingo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новото Renault Twingo!

Доцна попладнево, Renault ги објави првите официјални фотографии од новото Twingo, а другите официјални податоци ќе бидат познати утре!

Базиран на одличниот TwinRun концепт, новото Twingo изгледа модерно, спортски и како и да нема никаква врска со досегашниот модел. Според она што досега го знаеме, новото Twingo ќе биде на заден погон, бидејќи ќе ја дели платформата со новиот Smart ForTwo.

На фотографиите гледаме четири различни верзии, но сосема е можно тие воопшто да не се различни верзии, туку едноставно ги прикажуваат многуте можности за персонализација на малиот градски автомобил. Интересно се изведени задните врати чии рачки се скриени во задните столбови, па Twingo всушност изгледа како да е модел со три, наместо пет врати – одлично решение!

renault-twingo-2

Сега за сега, ги имаме само овие фотографии од новото Twingo. Повеќе податоци очекувајте во текот на утрешниот ден.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.