Премиера: BMW 2 Series Active Tourer – Непознати води за BMW! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: BMW 2 Series Active Tourer – Непознати води за BMW!

Секогаш со задоволство зборуваме за BMW – особено кога зборуваме за М3 или М5. Утрово ќе зборуваме за новиот моноволуменец со три-цилиндерски бензински мотор и погон на предните тркала.

Малку е тешко за верување дека компанијата која ги произведува одличните М-модели ќе започне да произведува и урбан, фамилијарен моноволуменец, но уште поважно е дека компанијата која упорно се држи за погонот за задните тркала, конечно „попушти“ и направи автомобил со погон на предните тркала.

Она што го имаме денес пред нас е 2 Series Active Tourer – автомобил наменет за младите  семејства кои сакаат да уживаат во урбаниот, но и активниот спортски живот. Најавуван неколку пати до сега , новиот Active Tourer е првиот сериски модел на BMW со погон на предните тркала!

bmw-2-series-active-tourer-side

Автомобилот е долг 4342 милиметри, широк е 1800 милиметри а висок 1555 милиметри. Меѓуоскиното растојание е 2670 милиметри. Багажниот простор со исправени задни седишта изнесува 468 литри, додека со спуштени задни седишта „нараснува“ на 1510 литри.

Сега веќе можеме да зборуваме и за моторите – на почетокот BMW 2 Series Active Tourer ќе се нуди само со три мотори. Најниско на понудата е новиот 1.5-литарски трицилиндерски турбо бензинец кој испорачува 136 коњски сили. Овој модел ќе ја носи ознаката 218i и ќе има потрошувачка од само 4.9 литри на 100 километри.

Степен погоре е 218d кој ќе носи 2-литарски турбодизел кој нуди 150 коњски сили и импресивни 330 Nm вртежен момент. Опремен со овој мотор Active Tourer ќе забрзува до 100 километри на час за 8.9 секунди, ќе забрзува до крајни 205 километри на час, а ќе троши само 4.1 литар дизел на 100 километри

На врвот на понудата се наоѓа 225i кој ќе нуди 2-литарски турбо бензинец со 230 коњски сили. Забрзувањето до 100 километри на час ќе трае 6.8 секунди, а максималната брзина ќе биде 235 километри на час. Опремен со овој мотор, Active Tourer ќе троши само 6 литри на 100 километри (во лабораториски услови).

Поврзано:  Dahler го тјунираше моќниот BMW M3 CS

BMW Active Tourer

BMW има вложено навистина многу во 2 Series Active Tourer. Иако погонот е на предните тркала, BMW го нарекува моделот „BMW меѓу возилата на преден погон“ – навистина храбро. Предната суспензија е McPherson додека задната е мултилинк, па тоа ветува дека иако е на преден погон, Active Tourer ќе нуди одлична управливост и забава при возење. И да, пред да прашате – ќе се нуди и M-пакет како дел од опремата, кој ќе нуди поголеми фелни, поагресивни браници и спортска суспензија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.