Кога Германските инженери ги добиваат своите крилја? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кога Германските инженери ги добиваат своите крилја?

Volkswagen објави нова оргинална „крилеста“ реклама која ќе биде прикажана на финалната игра од Националната Фудбалска Лига на САД.

Германскиот бренд е ветеран во создавање одлични рекламни видеа веќе пет години по ред. По златниот ретривер и малиот Darth Vader, најновата реклама не се фокусира посебно на еден модел, туку претставува фалба дека производителот од Волфсбург има најмногу возила кои се возат по патиштата со поминати над 100.000 милји.

Бидејќи не сакаме да ви ја расипеме забавата и пред време да ви откриеме за што точно се работи, ќе ве оставиме самите да погледнете и да дознаете!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.