Протекоа првите фотографии од BMW 4 Series Gran Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од BMW 4 Series Gran Coupe

На Интернет се појавија првите официјални фотографии од новата измисленица на BMW – 4 Series Gran Coupe – односно, BMW 4 со четири врати!

Една брза ретроспектива за тие што не се во тек – BMW ја има Серијата 3, што е седан со четири врати. Врз база на Серијата 3 ја направи Серијата 4, што е всушност истиот автомобил но изведен како купе со две врати. Е сега, во понудата ќе се најде и Series 4 Gran Coupe, што всушност е серија 4, но со 4 врати – баш како Серијата 3. Појасно е сега?

Ова се првите официјални фотографии од Series 4 Gran Coupe кои денес се појавија на интернет. Можеме да забележиме дека новиот модел има пониска линија од Серијата 3, која всушност треба да биде посекојдневна и попрактична. На фотографиите изгледа интересно – ќе причекаме да видиме како ќе изгледа и на Скопските улици, а во меѓувреме погледнете ги фотографиите и одлучете сами.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.