Себастијан Ожие ја започна неговата одбрана на титулата со тешко извојувана победа во често променливи услови на релито во Монте Карло.
Покрај тоа што на почетокот беше на деветтата позиција – односно 1 минута и 20 секунди зад лидерот – на раните етапи во Четвртокот покажа одлично возење и се издигна на врвот на табелата. Тој од тогаш се издвои од останатите и чекореше сигурно кон победата низ поројниот дожд и густиот снег, со што им ја донесе на Volkswagen првата победа во Монте Карло и го повтори неговиот триумф од 2009-тата кога беше учесник во IRC.
Роберт Кубица ја започна неговата прва WRC сезона со M-Sport во неверојатен стил со победи на првите две стази, пред да се спушти на четвртото место поради погрешниот избор на пневматици за снежните патишта на третата етапа. Тој изгледаше достоен за место на подиумот, пред да доживее судир во вториот ден.
Брајан Буфие позади воланот на неговиот приватен M-Sport Ford им одговори одлично на предизвиците поставени од временските услови и пневматиците и се втурна кон водство. Изгледаше како да тој ќе биде способен да му пружи отпор на Ожие пред неговото извртување во петокот да му дозволи на светскиот шампион да го приграби првото место. Буфие заврши разумно на втората позиција.
Крис Мик и Мадс Остберг ги освоија третото и четвртото место за Citroen. Јари-Мати Латвала имаше лош старт на настанот и беше на 19-тата позиција по првата етапа. Тој пружа огромни напори и со неколку етапни победи успеа да заврши на петтото место и покрај пукнување на пневматик во петокот.
Елфин Еванс го заврши неговото прво рели во Монте Карло и второ настапување во Светскиот Рели Шампионат на шестата позиција, додека неговиот тимски колега од М-Sport, Мико Хирвонен, беше надвор од форма. Тој беше спречен да го задржи шестото место од Еванс пред проблем со алтернаторот на последната стаза да го извади надвор од релито.
Андреас Микелсен исто така имаше тежок настап и заврши на седмата позиција. На почетокот се бореше, но потоа изгуби неколку минути при излетување надвор од патот во Петокот.
Дебитирањето на Hyundai не помина во најдобро светло. Тери Невил се судри уште на првата етапа, додека неговиот тимски колега Дани Сордо покажа трето најбрзо возење пред проблем со акумулаторот да го исфрли од битката во првиот ден.
Новодојдениот Словенец Јарослав Меличарек финишираше на осмото место, додека пак Матео Гамба со Super 2000 Peugeot и победникот од WRC2 класата Јури Протасов ги комплетираа првите десет.