Ford го произведе милионитиот Focus од сегашната генерација во Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford го произведе милионитиот Focus од сегашната генерација во Европа!

Милионитиот Focus излезе од лентата во Сарлуи, Германија – Ford просечно произведува нов Focus на секои 90 секунди!

Своевиден рекорд за Ford – неодамна компанијата го произведе милионитиот Focus од сегашната генерација во Европа. Во Европа, Форд просечно произведува нов Фокус на секои 90 секунди, а милионитиот Focus – црвен, со пет врати опремен со 1.0-литарски EcoBoost мотор излезе од производствената лента во Сарлуи, Германија.

Откако првата генерација на Фокус беше претставена во 1998 година, Форд продаде 6.9 милиони од популарните автомобили со средна големина во Европа и повеќе од 12 милиони насекаде низ светот. Сегашната генерација на Фокус започна да се продава во Европа во 2010 година. Дополнително, Ford Focus е најпродаваното возило според анализата на Ford добиена од последните податоци од регистрацијата на возила за првата половина на 2013 година.

One Millionth Ford Vehicle Sold in Russia, a Ford Focus; Signals

„Focus е одличен семеен автомобил со можност да ги задоволи потребите на голем број потрошувачи“ вели Барб Самарџиќ, директор за оперативни активности, во Ford Европа. „Мината година го лансиравме електричниот Focus со нула емисии на штетни гасови за да ја комплетираме целосната линија на Focus возила кои вклучуваат 250 коњски сили кај Focus ST.“

Ford планира овој месец да воведе и нова верзија на Focus со 1.0-литарски EcoBoost мотор, најдобриот меѓународен мотор за 2012 и 2013 година, кој ќе биде првиот семеен автомобил во Европа кој работи на безоловно гориво, а истовремено ќе нуди екстремно емисии од 99 g/km CO2.

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.