full screen background image
Search

Gemballa GTP 700 – Најбрзиот седан потежок од два тони во светот!

Рецептот е прилично јасен – земате една Porsche Panamera Turbo, додавате тјунинг пакет од Gemballa кој резултира со 700 коњски сили и нежно попрскувате со малку храброст.

Резултатот на тоа е Porsche Panamera со 700 коњски сили, која сега всушност се вика Gemballa GTP 700. Интересно е што ова е клиентско возило кое се вози секојдневно, а рекордот кој е поставен на патеката Nardo е 338.8 километри на час – импресивно за возило кое со сите течности и возач е измерено дека тежи 2225 килограми! Возилото било испробано со целосната опрема – ништо не било извадено – дури ни мултимедијалните екрани насочени кон задните седишта.

Истовремено, Gemballa GTP 700 може да се пофали и со други импресивни перформанси – 100 километри на час пристигнуваат за 3.3 секунди, 200 километри на час за 9.6 секунди а 300 километри на час за 26.5 секунди.

Погледнете како тоа изгледа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.