Јапонскиот бренд претстави нов концепт-автомобил на горивни келии на саемот за автомобили во Лос Анџелес.
FCEV Concept е создаден да го прикаже наследникот на FCX Clarity и се одликува со аеродинамички и футуристички дизајн. Негови највпечатливи дизајнерски елементи се изразената предна решетка, „лебдечкиот“ покрив и покриените задни тркала. Моделот може да смести пет патници и е првиот автомобил кој користи погон на горивни келии кој е комплетно сместен во местото за мотор.
Значително поновите технолошки подобрувања на погонот на горивни келии му овозможуваат на моделот да има 60 проценти поголема сила од оној на FCX Clarity и покрај тоа што е 33 проценти помал. Компанијата изјави дека овој погон ќе им овозможи на возачите да патуваат над 480 км со едно полнење, кое трае околу три минути.