WRC: Ожие освои драматична победа во Шпанија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Ожие освои драматична победа во Шпанија

Себастијан Ожие покажа одлично возење за победа на Рели Шпанија и да му помогне на брендот Volkswagen да ја освои конструкторската титула во првата година од нивното учествување.

Откако ја освои возачката титула во Франција на почетокот од месецов, Ожие ја започна претпоследната рунда од сезоната со доминантно возење на вечерните етапи во петокот. Пукнатина на пневматик го чинеше една минута задоцнување во саботата, а потоа ги започна последните шест етапи во неделата со 42 секунди заостанување зад неговиот тимски колега Јари-Мати Латвала.

AUTOMOBILE: Rally du Spain - WRC -24/10/2013

Покрај тоа што многу од возачите имаа потешкотии со огромната прашина во воздухот, Ожие покажа импресивна техника на возење во последното утро и намали 28 секунди од заостанувањето, така што се помести на третата позиција. До претпоследната стаза, Ожие беше во водство – иако беше помогнат од дефект на автомобилот на Латвала, кој ја заврши 14тата етапа во пламен. На финалната етапа Латвала беше надвор од форма, а ова го искористи Ожие кој ја утврди победата со половина минута предност.

Дани Сордо држеше чекор со најбрзите на домашното рели и беше само 1.6 секунди позади Латвала во почетокот на последниот ден, но тој беше бавен на утринските етапи, а потоа се судри и се откажа од релито само една стаза пред крајот.

AUTOMOBILE: Rally du Spain - WRC -24/10/2013

Тоа го издигна Мико Хирвонен на третата позиција. Тој имаше корист од пукнување на пневматик на Fiesta-та на Тери Невил во неделата наутро, која го симна Белгиецот на четвртото место, пред тимскиот колега Евгени Новиков.

Хејден Падон се најде на осмата позиција во неговото прво возење со WRC автомобил, додека деветтопласираниот Роберт Кубица ја освои WRC2 титулата со доминантна победа во класата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.