Clemens Motorsport го засилува Peugeot 208 GTi на 236 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Clemens Motorsport го засилува Peugeot 208 GTi на 236 кс

Германската тјунинг компанија Clemens Motorsport нуди пакет за засилување на перформансите на Peugeot 208 GTi, за сите оние кои не сакаат да бидат одминати од Ford Fiesta ST Mountune.

Францускиот бренд се уште нема понудено фабричко засилување како што е случајот кај Ford кој ги нуди Mountune пакетите кај нивните дистрибутери за Fiesta и Focus ST. Сепак тука е Clemens Motorsport кој може да ја подигне силата од стандардните 200 на повисоки 236 кс.

Компанијата нуди две стази на тјунинг. Првата стаза вклучува само подесување на компјутерската единица, со што се покачува силата на 220-225 кс по цена од 750 евра.

Втората стаза вклучува повеќе модификации. Според Clemens силата може да се подигне на 235-240 кс по цена од 2,050 евра. За ова достигнување се прават измени на системот за довод на воздух, воздушниот филтер, вентилот за испуштање на притисок од турбополначот и репрограмирање на копјутерот.

Clemens Motorsport ги докажа овие бројки со мерење на динaмометар. Резултатите покажуваат зголемување на максималната сила и вртежниот момент на конечни 236 кс и 350 Nm, што е навистина импресивно. Тоа е зголемување за 75 Nm вртежен момент од стандардните 275 Nm.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.