Ford ќе нуди Mountune засилувања за ST верзиите на Focus и Fiesta – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ќе нуди Mountune засилувања за ST верзиите на Focus и Fiesta

Европските претставништва на Ford ќе ги нудат новите модели на Focus ST и Fiesta ST опремени со Mountune Performance тјунинг пакети, како и целосна фабричка гаранција за нив.

Новиот Focus ST опремен со пакетот за зголемување на силата од Mountune ќе чини 1,410 евра во сребрена боја и 1,470 евра во црна боја. Пакетот кој содржи нов систем за довод на воздух, поголем интеркулер и репрограмирање на компјутерската единица, ја подигнува силата од 250 кс и 360 Nm на 275 кс и 400 Nm вртежен момент.

Форд тврди дека Focus ST Mountune може да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 6 секунди, што е за половина секунда побрзо од стандардниот модел. Исто така подобрени се меѓузабрзувањата, што значи дека забрзувањето од 50-100 км/ч во четврта брзина трае 4.9 секунди – 0.8 секунди пократко од претходно.

Mountune пакетот за Fiesta ST чини 690 евра и опфаќа изменет систем за довод на воздух и компјутерска надоградба. Овие модификации ја зголемуваат силата на 1.6-литарскиот турбо агрегат од 180 кс и 290 Nm на 215 кс и 320 Nm максимален вртежен момент. Засилената Fiesta ST забрзува од место до 100 км/ч за 6.7 секунди и го намалува забрзувањето од 50-100 км/ч во четвртиот степен на пренос за 0.7 секунди на 5.7 секунди.

Пакетите од Mountune Performance ќе бидат достапни кај Focus ST и Fiesta ST моделите од Септември оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.