Оваа недела, по повод 100-годишниот роденден на Aston Martin се собраа околу 550 модели од овој бренд, а беa претставени и два уникатни автомобили потпишани од Zagato.
Над 50,000 фанови, сопственици и случајни посетители дојдоа да ги видат ретките автомобили, од кои два беа прикажани за прв пат: DBS Coupe Zagato Centennial и DB9 Spyder Zagato Centenial, направени од Италијанскиот дизајнер Zagato.
Двата модели ги комбинираат елегантниот дизајн на Zagato со душата, силата и престижот на брендот Aston Martin, а двојниот набабрен покрив на DBS Coupe Zagato Centennial потсеќа на Zagato моделите од 50-тите години. Ентериерот кај двата модели не е воопшто изменет и е ист како на стандардните верзии.
Соработката на Aston Martin со Zagato започна во 1960, со претставувањето на DB4 GT Zagato на Лондонскиот автомобилски саем во Октомври. Двете компании имаат соработувано и за моделите V12 Zagato, V8 Zagato и DB7 Zagato.