BMW Concept5 X5 eDrive – Најава за хибриден X5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW Concept5 X5 eDrive – Најава за хибриден X5!

Баварците најавуваат можно проширувњае на X5 гамата со Plug-In хибридна верзија на големиот SUV со ознаката X5!

Сите технички детали сеуште не се објавени – но знаеме дека Concept5 X5 eDrive е придвижуван од 4-цилиндричен мотор (немаме информации ниту за зафатнината, ниту за коњските сили, ниту за видот на гориво) со два турбо-полначи, како и електромотор кој нуди 95 коњски сили. Батериите се под багажниот простор.

Системот нуди три режими на работа – Intelligent Hybrid Drive за идеална комбинација меѓу спортско возење и ефикасност, електричен режим за возење исклучиво на струја, како и Safe Battery режим на работа кој го одржува нивото на батеријата.

Знаеме дека овој концепт може да забрза до 100 километри на час за помалку од 7 секунди, и дека комбинираната потрошувачка изнесува 3.8 литри на 100 километри со емисија на CO2 гасови пониска од 90 грама на изминат километар. Во електричен режим, Concept5 X5 eDrive може да помине до 30 километри само на електрична енергија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.