Vettel извојува доминантна победа во Белгија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Vettel извојува доминантна победа во Белгија!

Германскиот возач на Red Bull стигна до доминантна победа на Белгиското Гран При кое се одржа на патеката Spa-Francorchamps.

Возачот на Red Bull го зголеми своето водство во шампионатот освојувајќи 25 поени на денешната трка. Тој заврши цели 16 секунди пред Fernando Alonso, а на третото место на пиедесталот се најде Lewis Hamilton. Sebastian Vettel започна од второто место по квалификациите. Пол позицијата му припадна на Hamilton, а импресивно добра трка извозе Fernando Alonso, кој започна од деветтата позиција.

Дека тимот на Red Bull, напорно работел за време на летната пауза, покажа нивниот возач кој на доминантен начин успеа да ја зголеми предноста во генералиот пласман и стигна до својата 31-ва победа во кариерата, со што се изедначи на вечната листа со легендарниот Nigel Mansell.

Непосредно по самиот старт, Vettel го искористи добриот излез од Eau Rouge свиокот и успеа да ја превземе првата позиција, која ја задржа до самиот крај на трката. Fernando Alonso кој стартуваше како 9-ти, имаше одличен старт и по само 2 круга се најде на 4-та позиција, а веднаш по првото менување на пневматиците дојде до 2-то место, искористувајќи ја грешката на Hamilton во првиот свиок.

Во моментов водството во генералниот пласман убедливо му припаѓа на Sebastian Vettel кој изгледа незапирлив. Неговите 197 поени му обезбедуваат водство од 46 поени пред Fernando Alonso. На третата позиција во генералниот пласман се наоѓа Lewis Hamilton со 139 поени, а многу блиску зад него со 134 поени е неповторливиот Kimi Raikkonen. Интересно е да напоменеме дека ова е прво повлекување на Kimi Raikkonen по 39 трки – последен пат тој се повлече на германското Гран При во 20009-та година кога возеше за Ferrari. Тој се повлече по 26 извозени круга, и истовремено го прекина рекордот од 29 извозени трки со освоени поени.

За разлика од минатогодишната трка во Белгија, оваа мина мирно и без поголеми инциденти.

Подготви: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.