Корејскиот производител ја подготвува втората генерација на успешниот кросовер за неговата европска премиера која ќе се случи на саемот во Франкфурт!
Новиот Soul ќе биде изграден врз платформата на Kia Cee’d, а тоа значи подобрена суспензија и повеќе простор – KIA објавува дека новиот Soul има за цели 29 проценти поцврста шасија од првата генерација, и дека багажниот простор ќе порасне од 340 на 354 литри, како и скриено дно кое не е вброено во овие мерки. Секако, новиот модел е малку подолг и поширок од претходникот а тоа ќе резултира со повеќе простор за патниците.
Продажбата ќе започне од почетокот на следната година, а во понудата ќе бидат 1.6 литарските GRDi бензински и CRDi дизелски мотори кои веќе ги познаваме од кај KIA Cee’d. Овие мотори ќе можат да се комбинираат со мануелн или автоматски менувач, а оние кои ќе сакаат, ќе можат да го персонализираат својот Soul со уникатни браници, бои и разно-разни додатоци!