full screen background image
Search

Volkswagen Golf R ќе забрзува до 100 километри на час за 4.9 секунди!

Очигледно инженерите на Volkswagen решиле да ги понудат најдобрите можни перформанси на пазарот – новиот Golf R ќе забрзува до „стотка“ за 4.9 секунди!

Вчера ги објавивме првите официјални фотографии од новиот Golf R на Volkswagen, кој е на самиот врв во моделската понуда на Golf. Денес Volkswagen ги објави и официјалните информации околу перформансите, па можеме да пренесеме дека Golf R опремен со DSG менуваќ ќе забрзува до 100 километри на час за 4.9 секунди! Ако ги споредиме конкурентите, ќе забележиме дека е значително побрз од Opel Astra OPC која забрзува до 100 километри на час за 6 секунди и Renaultsport Megane 265 кој забрзува до 100 километри на час за 6 секунди.

Сепак, овие перформанси се должат на поголемата моќност – Golf R ќе има 300 коњски сили, додека Astra OPC има 280 а Renaulsport Megane има 265. Секако, на страната на Golf R е и 4Motion системот за погон на сите четири тркала како и DSG менувачот кој може да понуди конзистентни перформанси и резултати. Опремен со мануелен менувач, Golf R забрзува до 100 за 5.1 секунда. Ова се веќе бројки кои сме навикнати да ги гледаме кај автомобили кои чинат значително повеќе – Porsche 911 Carrera забрзува до 100 километри на час за 4.8 секунди, а неговата основна цена е над 90.000 евра!

Der neue Volkswagen Golf R

Во однос на претходникот, емисијата на CO2 е намалена од 199 на 165 грама на изминат километар. Ова се должи на намалената потрошувачка, која ако го изберете R со мануелен менувач изнесува 7.1 литар на 100 изминати километри. Доколку го опремите вашиот R со Start-Stop систем и DSG менувач потрошувачката се намалува на 6.9 литри – бројка која изнесува 18% подобрување во однос на претходникот. Секако, ова се бројки кои треба да ги земеме со одредена резерва бидејќи се добиени во идеални услови.

Поврзано:   Буба Клуб Македонија го одбележа World Beetle Day!

Максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час, но сигурни сме дека тјунерите ќе најдат начин да го „подбутнат“ овој лимит. Како што веќе напоменавме, цената во германија ќе изнесува нешто над 38.000 евра, а продажбата ќе започне во последната четвртина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.