Премиера: Новиот мулти-талентиран Mercedes-Benz GLA! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот мулти-талентиран Mercedes-Benz GLA!

Mercedes-Benz тукушто ја дигна покривката од новиот GLA, кој го најавува како прогресивен во дизајнот, мирен во секојдневноста и способен надвор од асфалтот – способен да се движи меѓу разните автомобилски потреби.

Според луѓето од Mercedes-Benz, нобиот GLA го ре-интерпретира сегментот на компактни SUV возила  со тоа што лесно ги совладува секојдневните предизвици, но е доволно робустен за теренски екскурзии. Благодарение на компактните димензии – 4417 х 1804 х 1494 милиметри – би требало да биде лесен за маневрирање низ градските метежи, а истовремено може да се пофали со одличен коефициент на аеродинамичност од само 0.29 Cd.

Mercedes-Benz GLA 250 4MATIC (X156) 2013

Сепак, мора да напоменеме дека со GLA Mercedes-Benz ја дополнува гамата на возила базирана на навистина успешната A Class, каде веќе се наоѓаат А-класата и стилизираниот купе-седан со ознаката CLA. Новиот компактен SUV е првиот модел на Mercedes-Benz во кој ќе се вградува најновата генерација на 4Matic системот за погон на сите четири тркала, со целосно варијабилна дистрибуција на вртежниот момент. Секако, базираноста на A-Class значи дека GLA ќе може да се добие со погон на предните, или на сите четири тркала.

Др. Joachim Schmidt, одговорниот за продажба и маркетинг на Mercedes-Benz, изјави дека со GLA додаваат нов, петти модел во нивното портфолио од овој сегмент. Според него, GLA импресионира со прогресивниот карактер и агилното управување. Тој изјави дека е убеден дека GLA ќе ги исполни купувачите со ентузијазам благодарение на фасцинантниот дизајн и секојдневната практичност.

Mercedes-Benz GLA 220 CDI 4MATIC (X156) 2013

На почетокот ќе се нудат два бензински и два дизелски мотори – бензинците ќе бидат претставени во форма на 1.6 и 2.0-литарските GLA200 со 156 коњски сили, односно GLA250 со 211 коњски сили. Боите на дизелите ќе ги бранат GLA200 CDI со 136 коњски сили и 300 Nm извлечени од 2.2 литри, како и GLA 220 CDI кој исто така има зафатнина од 2.2 литри, но испорачува 170 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Посилниот бензинец ќе забрзува до 100 километри на час за само 6.5 секунди, а најавената потрошувачка е 7.1 литри на 100 километри. GLA220 CDI ќе побарува само 4.3 литри на 100 изминати километри.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1

Mercedes-Benz GLA 220 CDI 4MATIC (X156) 2013

Сите мотори ќе се нудат со еколошка Старт/Стоп функција, а ќе може да се нарачаат во комбинација со 6-степен мануелен менувач или 7G-DCT менувач со двојна спојка, кој ќе доаѓа стандардно кај GLA250, GLA220 CDI како и моторите со 4Мatic.

GLA ќе ја има својата премиера на авто-саемот во Франкфурт во Септември, нарачките ќе се примаат од крајот на Ноември, а ќе може да се види во салоните во 2014.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.