Audi A3 1.6 TDI Ultra – 3.2 литри на 100 изминати километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi A3 1.6 TDI Ultra – 3.2 литри на 100 изминати километри!

 

Најштедливиот модел на Audi е А3 опремен со 1.6-литарски TDI мотор. Вака опремениот Audi A3 ја носи ознаката ултра, а троши само 3.2 литри на 100 километри!

Покрај ниската потрошувачка, A3 Ultra може да се пофали и со екстремно ниска емисија на штетни гасови – односно само 85 грама CO2 на изминат километар. Истовремено, немојте да помислите дека перформансите од се за потценување – 1.6 литарскиот TDI испорачува 110 коњски сили, а автомобилот користи лесни материјали за изработка (тежи само 1205 килограми), каросеријата е 15 милиметри пониско до подлогата и подобрена е аеродинамиката. Сето ова значи забрзување до 100 километри на час за 10.5 секунди, и максимална брзина од 200 километри на час!

Audi најавува дека ова е прв модел во Ultra гамата на возила. Според нив, називот Ultra ја изразува посветеноста на брендот за сеопфатна и систематска одрживост на своите производи – во следните месеци Audi ќе открие и други модели со значката Ultra, меѓу кои ќе се најдат како дизелски, така и бензински возила со ознаките TDI и TFSI. Како и A3 Ultra, така и другите возила ќе се истакнуваат со исклучителна штедливост и еколошка прифатливост.

Купувачите кои се заинтересирани за Audi A3 Ultra, можат да ги очекуваат испораките веќе од Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.